Георгиевски или Перински - зад кого ќе застане Мицкоски за кандидат за Град Скопје?

Орце Георгиевски со индиректна порака до партискиот противкандидат Златко Перински во трката за официјален кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за град Скопје. Георгиевски не ги дели позициите на неговите сопартијци дека со секојдневното појавување на настани со Перински во последно време и активно учество во кампањата на минстерството за локална самоуправа, лидерот на партијата веќе решил со кого ќе трча во Скопје.

Според градоначалникот на Кисела Вода, мерењата доправа ќе треба да одлучат .Дека неговата кандидатура е завршена работа не смета ниту министерот за локална самоуправа. Перински за ТВ 24 вели дека ВМРО-ДПМНЕ низ демократски процес ќе го изберела кандидатот. Тој беше воздржан и на псоелдниот настан токму со премиеро викендов

Според политичките аналитичари - одлуката ќе биде исклучиво на Мицкоски. И додека во ВМРО -ДПМНе веќе е познат најтесниот избор за метрополата, во албанскиот блок се уште се калкулира.

Дали Вреди ќе истрча со свој кандидат ќе зависи од планотвите на ДУИ, но и од епилогот од преговорите со Мицкоски кои траат. Од Вреди се надеваат на заедничка поддршлка во вториот круг. Се уште се пресметуваат и во ДУИ. Оттаму за ТВ 24 велат дека е се уште рано. Од Бихачка пак официјално најавуваат изненадување, неофицијално засега е познато дека амбиции има претседателот на градската организација, Ѓорѓи Галетановски.