Георгиевска за ТВ 24: Буџетот треба да послужи за ублажување на последиците од енергетската криза

Пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска во емисијата 24 Отворено истакна дека од утре почнува амандманската расправа за буџетот со поднесени 260 амандмани, од кои 200 од опозицијата и од парламентарното мнозинство.

- Очекуваме конструктивна дебата да видиме што е она што преку амандманите опизицијата го бара за корегирање на буџетот. По основ на буџетот, мавме спротивставени буџети и критика за обемниот буџет од страна на опозицијата. Документот е направен за ублажување на последиците од енергетската криза и ќе биде основа за економско заздравувањето со тенденција за зголемување на економскиот раст. Буџетите и во многу други земји претрпеа структурни промени и огромни сретства кои биле планирани биле насочени кон таргетирани мерки. - вели Георгиевска.