Георгиески: Уривањето на дивоградбите клучно зошто Унеско ни даде нов рок
Foto

Георгиески: Уривањето на дивоградбите клучно зошто Унеско ни даде нов рок

Во следните две години ќе ги исполниме сите препораки на УНЕСКО кои се под ингеренции на општината со голема самодоверба истапи денеска градоначалникот на Охрид Константин Георгиески ден после одлуката на Унеско со која на властите организацијата им даде уште еден рок да покажат колку се подготвени да направат се за да го заштитат регионот од дополнителна деградација. 

Георгиески уверува дека ваквата одлука на Унеско всушност е поради фактот дека изминатиот период се исполнувале препораките особено во делот на чистење на крајбрежјето. Според него уривањето на дивоградбите на брегот ќе заврши во 2023 година а потоа ќе се урива и во НП Галичица.

Но, екологистите и граѓанските активисти и понатаму не се задоволни од одлуката на Комитетот. Велат ова ќе бидат нови две години за уште поголема деградација на регионот. Дел од експертската фела смета дека се потребни десетици па и стотици години за регионот да се врати во добра кондиција, додека за езерото биолозите анализараат дека се потребни дури 1000 години за да се регенерира во целост после повеќегодишното децениско загадување.

0 Коментари

Остави коментари