Генерално собрание на енергетските регулаторни тела од регионот
Foto

Генерално собрание на енергетските регулаторни тела од регионот

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска и утре ќе биде домаќин на Генералното собрание и на состаноците на Комитетот за цени и тарифи и Комитетот за лиценцирање и конкурентност на Регионалната асоцијација на енергетските регулатори (ЕРРА).

ЕРРА, со седиште во Будимпешта, е стручна асоцијација на независни регулаторни тела на земји од Европа, Азија, Африка, земји од Блискиот Исток, како и јужна и северна Америка. Главната цел на Асоцијацијата е да ја зголеми размената на информации и искуства од областа на енергетиката меѓу своите членки, да ја подобри соработката меѓу енергетските регулатори, да ја подобри националната енергетска регулатива во земјите-членки и да го прошири пристапот до регулаторното искуство во областа на енергетиката ширум светот.

На Генералното собрание ќе присуствуваат претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и претседателот на Претседателството на ERRA, Март Отс.

0 Коментари

Остави коментари