Гелевски за ТВ 24: Институциите кај нас се водени на ужасен начин

Никола Гелевски основачот и уредник на ТЕМПЛУМ во емисијата 24 анализа рече дека состојбата во културата е ужасна како и во сите други сегменти во општеството.

- Се случуваат пријатни и непријатни изненадувања. Има и анонимуси кои може да сепокажат како одлични ракововдители, и обратно, искусни да се покажат како лоши. Институциите се сериозни и нежни механизми чувствитени на удари, што мора деликатно да се водат, а кај нас се водени на ужасен начин. Се гледа да се удоми партиски кадар. И кога некој добро е избран, самата институција е руинирана.- вели Гелевски.