Гаши за ТВ 24: Приоритет на овие избори е да се победи ДУИ, ги повикувам и Македонците да гласаат за нас
Претседателот на Алтернатива Африм Гаши во емисијата 24 анализа рече дека волјата за промена и гласот на народот ја води партијата во овој процес. Вели дека ДУИ ја има заробено државата. На овие избори, приоритет ќе биде да се тргне ДУИ од власта зошто е метастазирана во државата.
- Во самите партии има проблеми за листите. Сега не се работи за репшавање на нечија политичка кариера. Зборуваме за историски процес кој не смее да се ризикува заради ничија суета. Не сакаме никој да се чувствува понижен. Приоритет ни е да ја тргнеме ДУИ од власт. Ние се договориме да ја понесеме одговорноста на изборите. Дали ќе има победа или не, тоа е прашање. Сега мораме сиот наш политички багаж да го вложиме јна изборите, да ја вклучиме интелектуалната фела и невладините организации. Ги повикувам и Македонците да гласаат за нас, зошто 2016, многу Албанци гласаа за тргање на Груевски, а тогаш албанската опозиција не беше обединета. Приоритет на овие избори е да се победи ДУИ. - рече Гаши.