Гаши за ТВ 24: Оваа недела ќе го објавиме претседателскиот кандидат, Албин Курти сака да им помогне на Албанците во промената

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши во емисијата 24 анализа рече дека средбата во Гостивар на Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами со Беким Ќоку, меѓу другото се разговарало за платформите, работните тимови како и изборите.

- Роковите не газат и мора да се објави кандидатот и ние ги привршуваме разговорите, Сакавме да почекаме да видиме што ќе одлучи Алијансата. Деновиве ќе донесеме одлука и во текот на неделата ќе биде јасно дека ќе имаме кандидат за претседател на изборите. Конечна одлука на опозицискиот блок е дека ќе имаме кандидат за претседател и овие денови ќе решиме кој ќе бидев тоа. Поддршката од Курти ќе биде преку неговите активисти во Македонија. Курти ужива голем респект, а еден од нив, Бекум Чоку кој е член на Самоопределување. Јасна е пораката дека Курти сака да им помогне на Албанците во промената. Тоа го бараат неговите активисти кои се тука. - рече Гаши.