Гаши за ТВ 24: Чекаме нов предлог од Судски совет за уставен судија на местото на Дуковска

Претседателот на Собранието нема да констатира престанок на судискиот статус на Елизабета Дуковска откако по две години Управниот суд одлучи дека била избрана незаконски, како што вчера од Собранието побара уставниот судија Осман Кадриу. Гаши во интервју за ТВ 24 тврди дека со тоа што го испратил дописот до Судскиот совет и Уставниот суд со одлуката на управен завршила неговата обврска. Претседателот на Собранието во интервјуто на колешката Душица Мрѓа кое ќе се емитува во вечерашната 24 анализа најавува и медијација меѓу власта и опозицијата околу Законот за помош на семејставата на повредените и настраданите во Кочани, но тврди дека немало зошто да се кае за двонеделниот мини одмор на пратениците по катастрофата во која загинаа 62 млади луѓе, бидејќи не биле на одмор.

За сите собраниски, но и политички  дилеми по заминувањето на Арбен Таравари од Вреди  во 24 анализа вечерва во 20:45