Гаши во 24 анализа: Не сум бил ниту еднаш во Кочани
Претседателот на Собранието Африм Гаши во 24 анализа рече дека не бил во Кочани ниту еднаш откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“. Според него, причината поради која што не го посетил Кочани е поради тоа што не знае каква реакција ќе има од граѓаните.
„Не сум бил ниту еднаш во Кочани но ги псоетив сите пациенти во сите болници без присуство на јавност. Ние дадовме изјава надвор пред градска болница но во останатите болници немаше камери. Не би сакал контекстот да се става во ваков начин. Моето не одење во Кочани не значи дека не сум трогнат. Не сакам да го политизирам ова. Ние отворивме книга на жалост во Собрание. Понекогаш не знаете како ве перцепираат граѓаните, не знаев дали моето одење би им помогнало. Болката е голема кај сите и кај мене и не би сакал да го политизирам ова“, рече Гаши.
Тој рече и дека доколку семејствата на повредените и загинатите побараат средба, ќе се сретне со нив.
„Јас точно знам што се случува, понекогаш не знаете кој ги оргазнира проеттсите од кои причини и не знаете дали ќе им помогнете. Имаше злоупотреби за жал, севдоци сме. Мене ми е битно да сме блиску до нив и да направиме се што можеме. Во секое време ќе ги примев ако побараа средба. Ако јас побарам средба не знам како ќе го примат тоа. Собранието стои зад нив бидејќи направивме се“, додаде Гаши.