Гаши во 24 анализа: Иницијативата на СДСМ за лидерска средба каде ќе разговараме за уставни измени е одлична

Претседателот на Собранието Африм Гаши во 24 анализа рече дека иницијативата на лидерот на СДСМ за лидерска средба на која ќе се разговара за уставните измени е добра идеја. Според него, таквите средби се добри за развивање на комуникацијат.

„Одлична идеја е лидерската средба, секоја иницијатива која повикува на консензус за уставни измени и нашите позиции за предизвикот е добредојдена. И да нема висока тема секогаш е добро да имаме средби каде се гледаат лидерите разговараат и комуницираат. Нормално е дека нема да се сложиме за се но добро е за да имаме комуникација“, рече Гаши.