Гаши со една нога надвор од Влада, Таравари со две нозе внатре
Африм Гаши вечерва одлучува дали ќе остане во Влада. По денешната средба на лидерот на Алтернатива со премиерот Ковачевски, Гаши го свика најтесното претседателство да одлучи дали или не е прифатлива новата понуда на Ковачевски.
Што ставил на маса премиерот нема детали, но според висок партиски функционер на Алтернатива, понудата на Ковачевски ја оценува како "предлог за бркање на Алтернатива од Влада" Официјално од партијата на Гаши велат дека се подготвени за сите предизвици, а одлуката ќе биде на оргабните на партијата.
„Подготвени сме за сите предизвици. Ова е очекувано сценарио за нас. Партиските органи ќе донесат конечен став откако ќе се формализира новата коалиција. Нема да оставиме ниту минимум простор дека АлтернАтивА на било каков начин придонела за процесите кои неминовно следат, велат од Алтернатива.
Според висок функционет на Алијанса во нивни раце одат МЕПСО, ПИОМ,железници транспорт и пошта , ресори со кои таководи Алтернатива. Од Алијанса за Албанците за ТВ 24 велат дека утре на ЦП ќе ја потврдат одлуката за влегување во Влада. Според информациите
Кренар Лога ќе биде министер за правда Елми Азири вицепремиер за инвестиции и дијаспора додека пак за министер за здравство се уште трае внатрепартиската битка меѓу Фадил Цана , Беким Тетеши и Фатмир Меџити.
На контото на АА како што вчера објави ТВ 24 се и заменици министри во одбрана и земјоделство, државен секретар во труд и социјала. Заменик директор во УЈП, раководител на сектор во царина, директор во просветен инспекторат.
За утре и Ковачевски го закажа извршниот и централниот одбор за да го презентира договорот со Таравари, но и да реферира за понудата до Гаши.

