Гаши против договорот на Меџити и Касами за двајца претседатели на Вреди и за нееднаква поделба на власта
Африм Гаши смета дека идеите на Изет Меџити и Билал Касами не е најдоброто сценарио за иднината на Вреди. Според него Вреди мора да да стане една партија, но функционирањето да се заснова на рамноправност и консензуално одлучување – како и досега.
Според првиот човек на Собранието преговорите како коалицијата од четири партии да стане една мора да бидат во насока партијата да биде единствена , без да се направи како што вели штета. Гаши потенцира дека прв човек на Алтернатива е Беким Сали и дека неговата одлука ќе биде е последна особено околу рамноправноста во поделбата на валста , за која според информациите Меџити и Касами имаат поинаква математика, односно Беса и Демократското движење во раководните структури и партиските органи на партијата Вреди да учествуваат со по 35 отсто, а 30 проценти учество да поделат меѓу себе Алтернатива, фракцијата на АА предводена од Арбер Феати, Беким Ќоку од Самоопределување и Движењето Арберија.
Според Гаши најдобрата идеја е водството да биде со ротација на сите лидери , а не со копретседавање меѓиу Меџити и Касами како што според информациите се договориле тие . Ако не поминат двата принципи, иднината на Алтернатива е во рацете амн Сали, па макар било и оставки.
Африм Гаши – Претседател на Собранието и поранешен претседател на Алтернатива
- Ротирање на претседателите, Алтернатива останува на тоа. Во Алтернатива повеќе се разговара околу принципите, кои концепти ќе ги браниме, за што ќе се залага Вреди, не кој ќе биде претседател. За нас тоа е помалку битно. Ние поминавме два тешки циклуса кои беа успешни и мислм дека два моменти се најбитни тоа е рамноправноста како принцип и консензуалното одлучување. Како ќе каже Беким Сали и како ќе се договори јас ќе го поддржам Ќе дадам оставка од претседател на Собрание, ако треба Гаши е уверен дека Алтернатива ќе биде само дел од Вреди, но не и како коалицикси партнер на Вреди во Влада.
Африм Гаши – Претседател на Собранието и поранешен претседател на Алтернатива
- Сите разговори кои се водат е како да се направи Вреди партија и да се најде најдобриот начин Нема големи разидувања и дилеми само се бара најдобриот начин Нормално е дека има различни размислувања и како ќе одлучат рагументите кои ќе бидат на маса. Спојувањето какво да биде дали постепено или одеднаш, дали со ротирачки претседатели или со двајца, за тоа разговараме.
Ставовите на Гаши доаѓаат откако Функционер на Вреди за ТВ 24 брифираше дека Изет Меџити и Билал Касами си подале рака за копретседавање со Вреди , односно идната партија да има двајца претседатели и еднакво учество во партиските тела.

