Гаши пост-одмор ќе го дочека интерпелација за молитвата во Собрание
После одморот собранискиот спикер Африм Гаши најверојатно веќе ќе го чека интерпелацијата која ја најави Левица, а на истата веќе работи нивниот правен тим.
Во изјава за ТВ 24 ова го потврди и пратеникот Борислав Крмов кој посочи дека не мора да чекаат 100 дена влада за да ги изнесат своите забелешки по повеќе основи кон Гаши, а последниот настан со молитвата за во Собранието, кога се одадаваше почит на жртвите во Сребреница, само ја прелило чашата што според Крмов ја нарушува секуларноста на државата а Гаши како што рече до сега неколку пати го прекршил и Уставот.
ТВ 24 ги контактираше и дел од останатите пратенички групи. Од СДСМ влеат дека не ја исклучуваат можноста да ја поддржат интерпелацијата. Во првата реакција бараа институциите да реагирата затоа што собранискиот спикер го прекршил Уставот .
- Не ја исклучуваме можноста да дадеме поддршка за интерпелацијата за собранискиот спикер Гаши, но најпрвин треба да стигне во Собрание и да ја разгледаме. СДСМ и до сега во неколку наврати алармираше на инстиотуционална разврска и дека секој кој се огрешил пред уставот и законите треба и мора да понесе одговорност.
ТВ 24 ги контектираше и ЗНАМ, кои уште дента го осудија однесувањето на собранискиот спикер, кој дозволи молитва во законодавниот дом, но од таму само кратко велат:
- Се уште е рано да дискутиртаме за интерпелација. Уште не е пристигната ниту во собрание , а нашиот став по однос на ова прашање ќе го изнесеме кога ќе дојде време за тоа .
Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пак за ТВ 24 само кратко велат дека најпрвин ќе почекаат да стигне интерпелацијата во Собрание, но сметаат дека не треба да се предимензионира ваквиот настан бидејќи не станува збор за однапред смислено сценарио туку непланиран обред кој во моментот спонтано се случил повеќе по иницијатива на модераторот на седницата отколку на собранискиот спикер.
Од партијата на Христијан Мицкоски пак дента го осудија настанот и обвинија за злоупотреба на чинот и кршење на Уставот. Во петокот за време на настанот со кој се одбележуваше годишнина од геноцидот во Сребреница, медијаторката на настанот Мерсиха Смаиловиќ повика на момент на тишина односно присутните да понудат молитва за жртвите на Сребреница, што според неа е е гест на почит, а не религиозен ритуал, а на истиот став беа и коалицијата ВРЕДИ, од каде што доаѓа Африм Гаши.

