Гаши пишува писма по Собрание, ама комисија за деловнички прашања за неговата одлука за бранителите нема да закаже 

Африм Гаши пресече – немало зошто комсијата за деловнички прашања да одлучува дали тој го прекршил деловникот кога  не ја закажа комсијата за законот за бранители , откако Илире Дауте одби да го направи тоа . Во писмото кое му го пратил на потпретседателот на  Собраниењто Јован Митрески , Гаши без да го споемне  случакјот со законот з абрамотели и Илире Даути, тврди дека тој закажал комисјата за ункгарскиот кредит и дека таа одредба според него не е  спорна. 

Ве известувам дека нема потреба да ја задолжам Комисијата за деловнички  и мандатни имунитетни прашања во однос на примената на член 126 став 3, со која Претседателот на Собранието закажува комисија кога тоа не го прави претседателот на комисијата  не е спорна – стои во писмото на Гаши до Митрески 

За потпретседателот ан Собранието, Митрески кој побара комисјта да одлучува прекршувањата на собраниските правила од страна на собранискиот спикер , ваквото писмо е преседан и доказ дека Гаши го крши деловникот . За следните чекори допрва ќе се договараат. Ги прозва и колегите од ВМРО ДПМНЕ дали ќе дозволат Гаши да го блокира Собранието . 

Вистинското прашање е како мнозинството, ПГ на ВМРО ДПМНЕ со 58 пратеници, ќе дозволи човекот кој што го избраа да го води Собранието, истиот да го блокира бидејќи ваквиот преседан ќе се одрази на функционирањето на другите работни тела. Единствениот мотив да застанат на страната на Гаши е законот за бранители да не помине. Злоупотребата на Собраниските процедури за да не дојде до чинот на гласањее потврда на тоа. Со гласање ќе се открие уште едно лицемерие на ВМРО ДПМНЕ, едно да зборуваат, а друго да прават.

И додека Гаши го одби барањето на опозицијата , она претседалот на комисјата пак Миле Лефков му пишал комисјата да му предложи дневен ред за точки кои биле спорни. Лефков за тв 24 вели дека секако законот за бранители ќе се најде меѓу нив . Лефков најавува координација со челновите на комијста околу дневниот ред . 

 Гаши се допишувал и со Оливер Спасовски, на кого му одговорил, дека немало потревба тој да ја закаже комсијата за социјала за законот за бранители, бидејќи комисијата се оддржала, иако на неа не беше законот  за чија потреба гласаа и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.