Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“

Претседателот на Собранието Африм Гаши во објава на Фејсбук пишува дека останува во коалицијата „Влен“ демантирајќи ги информациите објавени во некои медиуми дека излегува од коалицијата.

- Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Значи, Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Влен. Како претседател на Собранието, се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратеничките групи, бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам, напиша Гаши.

По несогласувањата со лидерот на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, од коалицијата „Влен“ најавија дека од следнава недела почнува процедурата за создавање на партиите од коалицијата во една политичка партија.