Гаши: Не се плашам од вистината во анкетната комисија за Кочани, модуларна, Ласкарци и Беса транс
Блокираната анкетна комисија за Кочани ќе се најде на агендата на собранискиот спикер Африм Гаши на следната координација со пратеничките групи во Собранието, откако родителите на загинатите 63 деца во дискотеката на смртта „Пулс“ го прозваа него и сите пратеници да кажат зошто не е формирана комисијата.
Гаши тврди дека тој немал никаква надлежност и направил се, но како што вели не може да ги спречи партиите кои блокираат поради нивни политички причини. Гаши тврди дека тој не стоел настрана од комисјата бидејќи се плаѓи, како дел од поранешната Влада за несреќата во Бугарија , која заедно со несреќата во Ласкарци , пожарот во модуларна во Тетово и Кочани треба да се најдат пред анкетната комисја. Гаши им порача дека до него немало стигнато допис, а на родителите за јавната прозивка им кажа дека ја погрешиле адресата .
Африм Гаши – претседател на Собранието
- Никогаш не сум се плашел од вистината. Јас сум поборник на идејата за правда и вистината, се што ќе можам ќе направам. Јас постапувам согласно на Деловникот и не можам да го прекршувам и него и Уставот, законот... На собраниски координации ова тема за формриање на Анкетната комисија не е поставувана долго време. На координациите збориме за актуелни теми и ќе ја отвориме и оваа тема, или јас или некој од координаторите. Во одлуката стои јасно, што се носи таа одлука на пленарна седница секоја партија предлага свој член. Левица веќе доставила свој член без допис до неа, ете го аргументот. Не можам јас да навлегувам во ставовите на политичките партии, не можам јас да им кажам да донесат одлука.
По прозивките на родителите , од Левица со пораак до Христијан Мицкоски и Венко Филипче – да не прават како што велат дилови врз грбот на семајставата кои остана без своите најмили. Од партијата на Димитар Апасиев потсетувата дека блокирани се изаклучоците од постојаната комисија, сепак нема рок кога Апасиев ќе ај закаже постојаната анкетна .
Левица
- Во специјалната Анкетна комисија каде се опфатени „Пулс“, Модуларната болница, „Беса транс“ и Ласкарци, ДПМНЕ има интерес да не се копа предлабоко во актуелните институционални пропусти околу „Пулс“, додека СДСМ има причина Модуларната да остане што подалеку од политичка расправа, особено откако обвинителскиот предмет за набавките беше затворен, а Венко Филипче побрза тоа да го претстави како сопствено расчистување. И кога взаемното молчење им користи, дилот станува многу поудобен од реформата.
Родителите на загинатите деца ги прашаа сите партии во Собранието , почнувајќи од претседателот Африм Гаши зошто ако немаат што да кријат анкетната комсија не формирана , побараа и конкретен рок, но и партиите да не ја блокираат комсијата
Здружение на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“
= Jавно ги прашуваме претседателот на Собранието и сите пратенички групи: ЌЕ ЈА ОФОРМИТЕ ЛИ АНКЕТНАТА КОМИСИЈА – ДА ИЛИ НЕ? На семејствата повеќе не им се потребни зборови. Потребни се постапки. Јавно соопштете конкретен рок кога Комисијата ќе биде оформена и ќе започне со работа.Нашите деца не беа политичари. Тие беа млади луѓе кои излегоа да се забавуваат и требаше да се вратат дома. 63 од нив не се вратија дома.
Од партиите на Христијан Мицкоски и Венко Филипче девет месеци со истото алиби зошто ја саботираат комисијата – од партијата на Мицкоски чекале заклучоци од постојаната анкетна за да немало две паралелни, од партијата на Филипче пак иако нивиот претседател најпрво највуваше дека СДСМ веднаш ќе делегира членови, подолг период велат дека чекаат допис од Гаши. Сепак иако анкетната не им е приоритет – денеска и од СДСМ и Од ВМРО-ДПМНЕ реку соопштенија се докажуваа кој повеќе мислел на родителите. Анкетната комисија не е во фокусот ниту за ДУИ ниту за Вреди.

