Гаши наместо на Мечкин Камен, ќе го слави Илинден во Египет

Собранискиот спикер Гаши ниту годинава лично нема да учествува на чествувањето на Илинден . Во изјавата која денеска ја даде за медиумите посочи дека двете годнини по ред оправдано отсуствува но тоа не значело дека како прв човек на законодавниот дом преку делегација и организација не учествувалк во  настаните . Потсети и дека претходно  клучните пораки ги испратил од  пред законодавниот дом . Затоа смета дека нема потреба од било какви реакции и дека и настанот во Египет бил исто важен за земјата . 

Африм Гаши Претседател на собрание на Р.С.М: Делегациите при одбележувањето на Илинден најчесто ротираат по договор . Оваа година на добележувањето на 123 годишнината од Илинденското востание делегацијата на владата предводена од премиерот Мицкоски ќе присуствува на Пелинце од каде премиерот ќе ги испрати клучните пораки а претседателката на државата по протокол останува во Скопје , собраниската делегација предводена од Антинио Милошевски ќе биде на Мечкин Камен . По ова народните избраници заминуваат на одмор официјално до 21 август кога нема да има пленарни седници и седници на собраниските тела и комисии. Сепак  законите кои останаа ќе ги чекаат народните избраници по одморите како што се законот за високо образование , за Скопје европска престолнина кој исто така вчера предизвика конфронтирања кај пратениците , но и оној за правична застапеност на кој инсистираше ДУИ да се гласа за да докажат дека тие го имаат големиот бадентер и дека без нив вакви законски решенија не можат да поминат .  Гаши пак посочи дека деловнички му е дадено правото кога тој ќе одлучи да ги свика седниците за овие закони .

Африм Гаши претседател на собрнаие: Во врска со анкетната која ДУИ ја најавија за инцидентот со министерот Стоилковиќ за време на реконструкцијата за што обвинуваа дека нивни пратеници биле нападнати од министерот , Гаши посочи дека до него се уште не е стигната иницијативата , но дека лично тој не чувствува одговорност бидејќи се што се случувало било за време на одморите и надвор од седницата .