Гаши крева раце од ресорот здравство
Алтернатива крева раце од здравство и од заканите за напуштање на Владата, ќе чекаат репреговарање со Ковачевски откако ќе заврши тој со Таравари, за да носат конечна одлука, вели висок партиски функционер на Алтернатива.
Пред вчерашната средба го дава министерот, а по синоќешниот состанок спремни да го дадат и министерство за здравство.
Според истиот функционер ретерирањето на Гаши се должи на пораките од меѓународниот фактор за постројување на партијата во т.н ЕУ фронт, но и поради внатрешните несогласувања на дел од пратениците и дел од раководството околу прашањето за напуштање на Владата во време кога се ближат избори.
Според истиот функционер, во фокусот на Гаши во преговорите ќе бидат зачувување на директорските места, особено тоа во МЕПСО и во ПИОМ.
Средба меѓу Гаши и Ковачевски се очекува слаендата недела. Алтернатива ги омекна ставовите и е подговтвена на компромис, вчера официјално изјави лидерот Африм Гаши.