Гаши ќе го слави Илинден на друга адреса – наместо на Мечкин камен, собранискиот спикер на конференција во Египет

Собранискиот спикер Гаши ниту годинава лично нема да учествува на чествувањето на Илинден. Во изјавата која денеска ја даде за медиумите посочи дека двете годнини по ред оправдано отсуствува, но тоа не значело дека како прв човек на законодавниот дом преку делегација и организација не учествувалк во  настаните.

Потсети и дека претходно  клучните пораки ги испратил од  пред законодавниот дом . Затоа смета дека нема потреба од било какви реакции и дека и настанот во Египет бил исто важен за земјата.  

Делегациите при одбележувањето на Илинден најчесто ротираат по договор . Оваа година на добележувањето на 123 годишнината од Илинденското востание делегацијата на владата предводена од премиерот Мицкоски ќе присуствува на Пелинце од каде премиерот ќе ги испрати клучните пораки, а претседателката на државата по протокол останува во Скопје , собраниската делегација предводена од Антинио Милошевски ќе биде на Мечкин Камен.

По ова народните избраници заминуваат на одмор официјално до 21 август кога нема да има пленарни седници и седници на собраниските тела и комисии. Сепак  законите кои останаа ќе ги чекаат народните избраници по одморите како што се законот за високо образование, за Скопје европска престолнина кој исто така вчера предизвика конфронтирања кај пратениците, но и оној за правична застапеност на кој инсистираше ДУИ да се гласа за да докажат дека тие го имаат големиот бадентер и дека без нив вакви законски решенија не можат да поминат. Гаши пак посочи дека деловнички му е дадено правото кога тој ќе одлучи да ги свика седниците за овие закони. 

Во врска со анкетната која ДУИ ја најавија за инцидентот со министерот Стоилковиќ за време на реконструкцијата за што обвинуваа дека нивни пратеници биле нападнати од министерот, Гаши посочи дека до него се уште не е стигната иницијативата , но дека лично тој не чувствува одговорност бидејќи се што се случувало било за време на одморите и надвор од седницата.