Гаши ќе добие министерски места и од Заев и од Ахмети, „пука“ на здравство и администрација

Африм Гаши на Илинденска број 2, доколку добие зеелно светло утре од неговите сопартијци, ќе влезе со министерска фотелја и на Зоран Заев и на Али Ахмети.

Според информациите на тв 24, министерството за администрација и информатичко општество е речиси извесно дека ќе замине во рацете на Алтернатива, здравство се уште е отворено, но Гаши инсистира на него. Според висок партиски функционер на Алтернатива, токму здравство е црвена линија за евентуалниот нов партнер во Владата.

На Бихаќа поделени околу можноста генералниот секретар на Алтернатива и придружба на Гаши на преговорите Беким Сали да седне вио фотелјата на потпретседателот во оставка Венко Филипче. Дека од осоработниците на Заев немаат проблем здравство да оди во Алтернатива, дел пак воздржани во однос на сериозноста на состојбите во ресорот, по досегашните заслуги на Филипче.

Во Рамката на Заев и понатаму стојат и образование, култура, труд и социјална политика и земјоделство. И доколку го добие Гаши здарвство, во обие ресори ќе бидат и заменичките места. Дека нема против да се откажат од своите позиции во корист на новиот партнер, во 24 анализа потврди и првиот вицепремиер Груби. Груби индиректно му порача и на Сали дека доколку може да се носи со тежината на ресоот нема зашто да не е прифатлив.

Според Груби,новите функционери на Алтернатива би требало да велат со реконструкција, која би ја направил Зоран Заев, а не со нова Влада, како што најави самиот Заев. Сепак, доколку премиерот остане на ставот, планот Б е патениците на Гаши да ја поддржуваат Владата однадвор, а како гаранција да им бидат именувани нивните директори. 

Првиот вицепремиер е дециден, ДУИ нема да испровоцитра предвремен и избори. Груби е сигурен дека Алтернатива ќе влезе во Владата. Индиректно дека таква е намерата, на својот фејсбук профил напиша и лидерот на Алтернатива, по средбата со албанскиот  премиер Рама.

- Нагласив дека доколку отворањето на преговприте на Албанија со ЕУ и малку зависи од одлуката на Алтернатива да биде дел од Владата, тоа  енајмалку што можеме да го направием за Албанија. - напиша Гаши на  фејсвук 

Доколку оваа најава добие утревечер потврда и може да се очекува на Централното собранието во Тетово, најдоцна в понеделник може да се очекува нова решавачка средба Заев  - Гаши за финализирање на влегувањето во влада.