Гаши ги бира министрите, Заев книжи забелешки од коалицисиките парнтери
Foto

Гаши ги бира министрите, Заев книжи забелешки од коалицисиките парнтери

Африм Гаши на консултации со најдоверливите соранотници за имињата на новите функционери, по што ќе треба да добие зелено светло од централното претседателство.

Сепак рмакта според висока партиски функционер на Алтернатива е веќе направена - она што е извесно е дека генералниот секретар Беким Сали ќе седне во фотелјата  на Венко Филипче во задрватсво. Според истиот функционер Адмирим Алити, професор по информатика, се планира за нов министер за инфорамтичко општесто и админситрација, додека фаворитот за дијаспора се уште Гаши не го открил.

За заменичката позиција во во образовани есе споменува Љуљзим Алиу, додека во култура се уште се размислува межу двајца кандидати. Портпаролот Орхан Муртезани речси е извесно дека ќе раководи со една од двете најголеми енергетски компании МЕПСО. Додека новиот директор на клиичката болница во Тетово ќе биде Амир Елези.

Официјално од Алтернатива не коментирата, велат само дека кадровските  решенија ќе се знаат одкако за нив ќе дадт зелемно светло партиските органи.

- Деновиве се одржуваат интензивни внатрепартиски консултации за превземање на одговорности во ресорите  со кои кадри на Алтернатива ќе раководат – изјави за тв 24 висок партиски функционер на Алтернатива.

Во ДУИ пак состојбата е почиста. Јетон Шаќири од информатичко се сели во земјодекство, додека пак како што велат од ДУИ за ТВ 24 ќе им аи соодветна позиција и за Куштим Рамадани кој ќе ја напушти фотелјата во МЕПСО.

И додека Африм Гаши ги бира своите функционери, Зоран Заев книжи забелешки од коалициските партнери за договорот со Африм Гаши. Помалите коалиционери на Заев едногласни, Гаши преку леб добил погача во односно на функционерските места, а програмскиот дел изобилува со низа небулози.

Лидрот на ЛДП и актуелен министер за локална самоуправа Горан Милевски за тв 24 со порака до ЗАЕв и Гаши - нема намера да парви нов закон за рамномерен развој, кој бил донесен само пред неколку месеци. Им порача дека е отворен за консултации и измени, но дециден е липковскиот регион не ни постои како посебен. На актуелниот премиер со препорака да внимава на новата колаиција, бидејќи ако е нерамноправна може и да не трае.

Според информациите на ТВ 24, Заев на состанокот на партнерите им порачал дека сите несогласувања ќе бидат допрецизирани, но околу евентуалните надградени барања за нови функционерски места им рекол да го чекаат новиот мандатар. Заев денеска иако имаше обраќање, реши да не одговара на новинрски прашања. Официјално од Илинденска бр 2 само испратија сооопштение во кое меѓу другото стои дека избори не се во агендата. 

- Целокупниот процес на одржување стабилност на централната власт во Северна Македонија и натаму ќе биде обезбедуван во духот на демократијата и заради стратешките цели на земјата, но и поради тоа што на граѓаните не им се потребни предвремени или вонредни парламентарни избори, туку стабилен период за остварување на приоритетите од владината програма. - се вели во соопштението. 

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак Владата на Заев е со истечен рок. 

- Пластелин коалиција, реков. Оваа коалиција е само неколку недели да биде продолжен политичкиот век на траење на неколкумина од врхушката на СДСМ и последен обид во режија на Зоран Заев да се доуништи и она што е преостанато и што вреди во оваа наша татковина Македонија. Жалам што ќе мора да бидеме сведоци уште некоја недела на она што ќе ни го приреди Зоран Заев и СДСМ, но ние ќе се бориме со сите демократски алатки коишто ни стојат на располагање час поскоро да издејствуваме предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски.  

ТВ 24 веќе објави дека директорите на Гаши, се очекува да бидат избрани во наредниот период, додека пак миистрите и замениците ќе го чекаат новиот мандатар и нивата Влада.

0 Коментари

Остави коментари