Гаши доби „корпа“ за „заедницата на албанските општини“ од сите

Африм Гаши сам против сите, идејата за локалнаи албански заедници доби корпа и од политичката и од општествената јавност. Неговиот довчерашен коалициски партнер во Владата Димитар Ковачевски му порача исто како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, да си го прочита Рамковниот договор. 

Освен од Ковачевски денска идејата на Алтернатива доби вето и од единствената опозициска партија во албанскиот блок 

- Движењето БЕСА е против идејата на Србија за Асоцијација на српските општини во Косово. Неможе да се прави паралела помеѓу 4% срби во Косово со 30% албанци во Северна Македонија. Цениме дека официјално и Владата треба јасно да изгради став и да биде против асоцијацијата во Косово бидејќи таква идеја ги пореметува сите напори и процеси кои го гарантираат мирот и стабилноста во регионот. - велат од Беса.

Дека идејата е антиевропска и антиамериканска на Гаши му порача и Ахмети. Но, неговиот потпретседател Изет Меџити даде поддршка. Токму  поддршката на Меџити, Алтернатива ја толкува како и поддршка на ДУИ. 

- Првин не се сложувам дека „сите партии“ ја отфрлија идејата. Вие имате потпретседател на ДУИ кој се служува со оваа идеја, а имате и други чинители на нашата општествена сцена кои го подржаа. Ние имаме општини кои едноставно се нефункционални или под стечај. Затоа ваквата соработка на општините со мнозинство албанско население само би придонела за развој на нивната општинска инфраструктура. За тоа како ќе се организира, со каков статут, со какви надлежности, јас не можам да прејудицирам. Тоа е прашање на дебата. - изјави Зекирија Ибраими генерален сектерат од Алтернатива.

Алтернатива и Гаши по една години на Илинденска 2, во кабинетот на Димитар Ковачевски, откако му ја спаси владата по оставкаа на Заев и излегувањетѕо на БЕСА, во првиот настап како опозицијата излегоа со идејата да се формиратта заедница на албански општини за општините со домнинантно албанско население да соработувале заедно.