Гаши бара одговори од Тирана, МНР го повика Мејдани откако на двајца пратеници на Вреди им беше забранет влез во Албанија
Обид да бидат запрени на граница со Aлбанија функционери на ВРЕДИ но и лице кое патувало со нив или само регуларна рутинска контрола која предизвика лавина реакции . Во изјава за ТВ 24 Заменик генералниот секретар на Владата Хасим Муртезани пак посочи дека сепак не станувало збор за спречување туку дека забраната се однесувала на лицето кое патувало со нив а не е функционер и дека токму поради тоа и покрај дипломатските пасоши кои ги имале тој и двајцата пратеници биле задржани подолго на граничниот премин Ќафасан а откако на нив тројца им бил дозволен влезот но не и на лицето тие се повлекле и не го продолжиле патот .
Двајцата пратеници кои патувале со Муртезани биле Аднан Азизи и Беким Ќоку кој пак веќе се произнесе со Ф.Б статус каде наведува:
Беким Ќоку: Ако причината е поврзана со фактот дека јавно ги поддржав неодамнешните протести во Албанија, тогаш ова ќе биде длабоко загрижувачко Казнувањето на граѓаните за изразување мислење или поддршка на мирни протести . Зарем ова не е во согласност со стандардите на демократска држава и со основните слободи загарантирани . Не можам да ја разберам оваа логика кога се знае дека некои европратеници физички учествувале во актуелните протести .
Подеднакво тешко е да се разбере како албанската држава, од една страна, има почестни личности како Горан Бреговиќ, и организираше активности со културните институции од Србија, а премиерот на Албанија посвети јавно писмо на восхит за Синиша Михајловиќ, додека, од друга страна, создава ситуацијата кога Албанците надвор од границите се одбиваат без официјално објаснување.
Од македонското МНР пак денеска само кратко информираа дека на средбата со претставник на амбасадата на Албанија било разговарано за оваа тема
МНР: Во духот на пријателските односи меѓу двете земји , соседи и НАТО сојузници, на средбата беше побарано официјална информација од албанските власти во врска со настанот што се случи на граничниот премин Ќафасан при кој на државјани на нашата земја не им бил дозволен влез во Р.Албанија.
Барање за објаснување од официјална Тирана побарал и собранискиот спикер Гаши а со реакција и барање за објаснување од властите во Албанија се јавија и од Вреди .
Вреди: ВЛЕН бара од властите на Р. Албанија да ја информираат јавноста дали навистинба постои таква мерка . Доколку е така кој ја донел оваа одлука и врз која законска одлука се темели и кои се конкретните причини за таква акција против избраните функционери и институционалните претставници . Меѓуалбанските односи треба да с еградат врз транспарентност , институционално почитување и јасна комуникација а не врз необјаснети забрани и процедури што оставаат простор за сомневање .
Серпак сите овие обвионувања ги отфрлија албанските власти а цариниците од албанска страна за албанските медиуми наведуваат:
„Тие патуваа заедно со четврто лице, кое имаше проблеми со патната документација и, поради оваа причина, не можеше да му биде дозволено да влезе во Албанија. Другите тројца имаа право да ја преминат границата, но одлучија да не го продолжат своето патување и се вратија по своја слободна волја, стои во реакцијата на управата.“
Дел од медиумите пак пишуваа дека забраната е поврзана со нивната вмешаност во организирањето на протестите во Тирана, познати како „Фламинго револуција“. Сепак досега нема официјална потврда од албанските власти дали има некаква поврзаност за овој случај со протестите .

