Гаревски за „Студио 10“: Градбите во Македонија се сигурни, особено оние од последните десетина години
Градежниот инженер Михаил Гаревски за Студио 10 порачува дека во Македонија не треба да се стравува од разорни последици по скопскиот земјотрес во 1963 година и законските измени оттогаш.
Објектите, генерално ги задоволуваат параметрите и стандардите.
„Од 1963 година наваму навистина се внимава на градбите во Македонија. Би сакал да истакнам дека во последните, можеби десетина години, ние имаме едни од најсигурните градби дури и во Европа, затоа што имаме многу ригорозни контроли. Најпрво се контролира проектот, тогаш се дава градежна дозвола и повторно за истиот објект се оди два пати на терен за да се види дали се постапува според проект“, вели Гаревски од Институтот за сеизмички градби и климатски промени, во Студио 10.