Гаревски контра Арсовска: Мостот “Беласица“ далеку до отворање

Експертите контра градоначалничката Арсовска. Испитувањата не се целосно завршени, но се при крај. Мостот „Блеасица“ нема да биде пуштен во употреба наредната недела, вели за ТВ 24 преофесорот Михаил Гаревски.

„Пуштањето на мостот во најголема мера ќе зависи од ЕСМ, односно демонтирањето на цевките за парно греење бидејќи без вадењето на цевките не може да се направи ниту таа дури да кажеме примарна санација. Која ќе се базира со торкретбетон.“ - вели Гаревски.

Гаревски додава експертизата, која се уште се пишува и се очекува да биде готова идниот понеделник, во моментов покажува дека сепак нема да има потреба од зајакнување на мостот, но сигурно е според него дека мостот не може и не смее да се пушти во употреба.

„Откако ќе се направи санација, обично по правило бби требало бетонот да зрее 28 дена и потоа треба да се направи пробно товарење како доказ дека мостот е во ред. Тоа товарење на мостот ќе биде со 60 тонски возила, ќе се направи тоа испитување што е стандардна процедура осоебно кога се опожарени мостовите и дури после тоа може да се пушти мостот. “ - вели Гаревски.

По вчерашната изјава на градоначалничката Арсовска дека испитувањата завршиле, а мостот Беласица ќе биде пуштен во употреба наредната недела бидејќи му е потребно само козметичко рефреширање од Град Скопје денеска молк.

Арсовска вчера за ТВ Сител изјави дека на мостот ќе треба да се направи одредена санација која се однесува на козметичко рефреширање на она кое што е паднато во делот на бетонот. Во суштина нема ништо кое што влијае на стабилноста, сигурноста и безбедноста и тоа е она коешто е најважно за нас, рече Арсовска и додаде дека сите мостови кои се под нивна надлежност редовно се одржуваат. 

Дека мора да има итна санација на оштетниот топловод кој минува низ мостот и денеска побараа од регулаторна. Во разоговор за ТВ 24 велат за да нема проблеми во текот на следната грејна сезона потребно е топловодот да е функционален.

Од ЕСМ дистрибуција за ТВ2 4 велат ќе вложат максимални напори потребната санација да се изврши во најкраток можен рок. Уверуваат следната грејна сезона ќе има сигурна испорака, бидејќи постојат и алтернативни решенија.

„ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори потребната санација на топловодната мрежа на мостот да се изврши во најкраток можен рок. Во системот за централно греење со кој управува ЕСМ Дистрибуција на топлина има алтернативен активен вод на железничкиот мост кој има капацитет да врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите.“ - велат од ЕСМ.

Пожарот на мостот Беласица избувна ноќта меѓу 11 и 12 мај. Нефункционирањето на мостот кој е еден од главните артерии во градот повеќе од еден месец е и причина за сообраќајниот хаос кој се случува во изминатиот период.