„Гардијан“: „Медена земја” ќе добие Оскар за најдобар документарен филм
Foto

„Гардијан“: „Медена земја” ќе добие Оскар за најдобар документарен филм

Церемонија на 92-то доделување на Оскарите во „Долби“ театарот во Холивуд почнува утревечер во 2 часот по полноќ по македонско време, а ќе се пренесува во повеќе од 220 земји и територии во светот.

„Медена земја” ќе добие Оскар за најдобар документарен филм, предвидува угледниот британски весник „Гардијан во прогнозите на победниците во сите категории на годинашното доделување на наградите на Американската филмска академија што ќе се одржи утревечер во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

Според Питер Бредшоу, филмски критичар на „Гардијан“, во категоријата најдобар документарен филм, македонскиот филм „Медена земја“ ќе ги победи конкурентите: британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот  „Пештерата“,  бразилскиот „На работ на демократијата“ и американскиот „Американска фабрика“.

 

Во втората категорија во која е номинирана „Медена земја“ – Интернационален (странски/неанглиски) филм, Бредшоу предвидува дека Оскар ќе добие јужнокорејскиот филм „Паразит“.

Во оваа категорија во трка за златната статуетка се и „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.

0 Коментари

Остави коментари