ГАЛИЧКА СВАДБА
Foto

ГАЛИЧКА СВАДБА

Втор ден од традиционалната манифестација „Галичка свадба“. Свадбарските обичаи започнаа со поставување на свадбарското знаме, а судбоносното „да“ младенците, Огнен Караѓозовски и  Марина Петровска ќе го кажат денеска во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“ како дел од свадбарските обичаи.

Културно-туристичката манифестација „Галичка свадба“ започна синоќа со изведување на првите свадбени обичаи, во куќата на зетот каде се накити бајракот, а потоа со три истрели се означи почетокот еден своевиден фестивал на мијачкиот фолклор.

Марина има потекло од Крива Паланка, но одамна е преселена, а Огнен има потекло од едно големо галичко семејство. Тој во повеќе наврати бил вклучен во органзацијата на претходните свадби и учествувал како статист.

Посетителите ќе можат да проследат над 30 обичаи.  За успешен тек на манифестацијата се  ангажирани стотина статисти облечени во автентични галички носии. Традционалните ора и игри ќе бидат задолжение на триесетина членови на КУД „Фолклорни бисери“. Особено атрактивна е коњицата со коњаниците кои во неколку наврати ќе ги бодињаат коњите по тесните галички сокаци.

0 Коментари

Остави коментари