Гала оперски концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“ со студентите на ФМУ

Студентите од студиската програма по соло пеење на Факултетот за музичка уметност учествуваат на традиционалниот гала оперски концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“ со оркестарот на Националната Установа Национална опера и балет, под диригентско водство на Андреј Наунов.

Како што информираат од ФМУ, настапуваат студентите од класите по соло пеење на професорите м-р Марија Муратовска-Наумовска, д-р Горан Начевски, м-р Весна Ѓиновска Илкова и вонреден професор м-р Ана Дурловски, како и од класата по вокално студио на доцент м-р Бисера Чадловска.

 

На програмата на концертот кој ќе се одржи денеска во Салонот на НУ Национална опера и балет со почеток во 20 часот се оперски арии и ансамбли.