Гајдова за 24 Анализа: Не планирам да се пријавам на новиот оглас за судија во Стразбур

Не планирам да се пријавам на новиот оглас за судија во Стразбур, Владата не ми даде образложение кои услови според нив не ги исполнувам , а со тоа ги наруши и моите права, а и ми оневозможи правен лек, изјави во 24 Анализа судиката Габиеа Гајдова од скопска Апелација, која заедно со обвинителката Ленче Ристеска и адвокатот Јордан Апостолски беа кандидатите кои го поминаа филтерот на комисијата.

Владата ја укина комисијата, а на Гајдова, Ристеска и Апостолски им порача дека не ги исполнуваат условите, но без да образложат кои. Премиерот Христијан Мицкоски само потенцираше дека "вистинската вистина е таа на Владата" во однос на овој оглас.