Гајдова во 24 анализа: Жртвата на родово базирано насилство треба да знае дека е заштитена

Судијката во Апелацискиот суд Скопје, Габриела Гајдова во 24 анализа рече дека кога станува збор за семејно насилство или за родово базирано насилство потребно е подлабински да се навлезе. Според неа, најважно е жртвата да знае дека е заштитена.

Таа зборуваше и за интерпелацијата на членовите на Судскиот совет.

„Треба да се впуштиме подлабоко во проблемот дали треба да се изрече привремена мерка. Се согласувам дека секој од институциите си ги извршуваат своите овластувања но сметам дека пристпот е формалистички и тука имаме ситуација каде битно нашето да се заврши но содржински дали ќе исполниме да се заштити жртвата мислам дека паѓаме на тестот. На жртвата не и е битно дали ќе е казнет сторителот, најбитно и е да се спречи насилството. Можеби сторителот има пиштол кој легало го поседува и проценката на ризик е висока и може да се поведе постапка за да му биде одземен, може да се крене постапка за нарушување на јавен ред и мир, чисто да му се даде до знаење на сторителот дека државата го казнува. Жртвата треба да биде заштитена и да се знае колку ќе учествува во постапката. Ако сторителот е остранет од домот или ако е таа згрижена тогаш веќе и се остава можност да одлучи како ќе настапи“, рече Гајдова.

Таа објасни и дека погрешна е перцепцијата за тоа дека секое убиство на жена е поради родово базирано насилство. Како што објасни Гајдова, секогаш кога сторителот има негативен став кон сите жени, станува збор за родово базирано насилство.

„Семејното од родово базираното насилство е погрешна перцепција дека секогаш кога е убиена жена се работи за родово базирано насилство она што е побитно да се препознае е мислата на сторителот дали таа потекнува од патријахални ставови, дискриминаторски ставови, дека жената не треба да презема дејствија кои смета дека треба да ги преземе, треба да е потчинета, да го слуша, ставот е дискриминаторски и се изарзува неговата надмоќност врз жената. Тоа би значело дека секоја жена на местото на таа жена би била убиена дека е жена. Сторителот има негативен став кон секоја жена и тука се разликува, има проблем со родот. Мотивот може да е паралелно со длабоко вкоренетите мотиви и тука треба органите да ги истражат мотивите и секогаш кога станува збор за убиство од родово базирано насилство претходи насилство“, објасни Гајдова.

За интерпелацијата на членовите на Судски совет, Гајдова рече дека се што ќе се преземе во иднина, очекува да биде согласно Уставот и законите на нашата држава.

„Ние сите како ѓраѓани пред се сакаме владеење на правото и како професионалци и како граѓани секогаш зборуваме за владеење на правото а тоа е почитување на Уставот и законите и сигурна сум дека се што ќе се преземе ќе биде согласно Уставот затоа што на крајот на денот носителите на овие три власти треба да се пример како се почитуваат законите и уставот“, додаде Гајдова.