Гајдов за ТВ24: Сметам дека кратко ќе им трае ваквата позиција на ЕУ амбасадорите

По неформалното отфрлање на идејата за членство во ЕУ без право на глас и вето во 2027-ма година, од страна на амбасадорите на Европската Унија за време на вечерата со претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен неделава, како што објави угледниот портал Политико, надворешно политичкиот коментатор Љубомир Гајдов пак смета дека ваквата позиција колку и да е неформална кусо време ќе им траела на Европејците, зашто за проширувањето на ЕУ се ангажирани и САД.