Г7: Нов удар за руската економија

Во сенка на војната во Украина, инфлацијата и поскапувањето на енергенсите и храната, Германија ги собра лидерите на групата Г-7.

Во следните три дена, првите луѓе на најразвиени држави во светот ќе се обидат да најдат начин да ја подобрат позицијата на Украина која со месеци трпи жестоки напади од Русија но и какок да се заузда глобалниот раст на цените на храната и производите...

„Рускиот претседател Владимир Путин се надеваше дека „НАТО и Г7 некако ќе се разделат. Но, не се разделивме и нема да се разделиме. Мораме да се држиме заедно.“ - изјави Џо Бајден – претседател на САД.

Од Белата куќа велат дека лидерите на Г7 ќе се обидат да изградат стратегија за обезбедување на енергетски резерви за да се спречат последиците од конфликтот во Украина а ќе се разговара и за ограничување на цената на енергијата, со цел да се намали профитот на Москва.

Во меѓувреме, руското злато станува нова нова мета. Официјален Лондон откри дека четири од седумте најразвиени земји, планираат нови мерки кои ќе ги погодат најбогатите руси...Велика Британија, Канада, Јапонија и САД ќе го забранат увозот на руско злато како дел од новите рестрикции воведени против Кремљ

„Тие мерки директно ќе влијаат на руските олигарси и ќе го погодат срцето на воената машина на Путин.“ - изјави Борис Џонсон премиер на Велике Британија.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го отфрли тврдењето на Москва дека Западот е виновен за прехранбената криза и ја обвини Русија дека е единствено одговорен за глобалниот недостаток на храната, поради што патат најсиромашните земји.

„Русија ги блокира пристаништата, ја напаѓа земјоделската инфраструктура, ги претвора житните полиња во воени полиња., Времето истекува и ЕУ работи на алтернативите за украинските земјоделски производи.“ - изјави Шарл Мишел претседател на Европскиот совет.

А пред стартот на самитот, Украина побара од земјите од Г7 повеќе оружје но и построги санкции против Москва. Последното барање следува по рускиот напад врз станбен комплекс недалеку од центарот на Киев.

Ова 7 годишно дете мирно спиеше во Киев се додека руски крсосувачки проектил не го разнесе нејзиниот дом. Голем број Украинци се нападнати. Самитот на Г7 мора да одговори со повеќе санкции кон Русија и повеќе тешко оружје за Украина. Болниот руски империјализам мора да биде поразен.“ - напиша на Твитер Дмитриј Кулеба министер за надворешни работи на Украина.

Британија и Франција веќе се согласија да обезбедат поголема поддршка за Украина. Според Кабинетитена двете држави, секој лош обид за решавање на конфликтот само ќе предизвика трајна нестабилност и ќе му даде дозвола на Путин да продолжи да манипулира со суверените држави и меѓународните пазари.