ФЗО не побарал заштита на своите податоци од центарот за опоравување од катастрофи во Прилеп
фондот за здравство не побарал заштита на своите податоци од центарот за опоравување од катастрофи во Прилеп. По хакерскиот напад поради кој не може да се исплатата здравствените услуги и персоналот цел февруари.
ИКТ центарот за складирање и заштита на податоците е изграден во Прилеп, а со него управува министерството за внатрешни работи. Изградбата на кружниот прстен за сместување техничка опрема и инсталација со централно јадро на сервер-соба заврши во Прилеп во 2020 и чинеше 3,4 милиони евра.
Во центарот копирани системи имаат институции како Центарот за управување со кризи. Царинската управа, заводот за статистика, а изразиле интерес Народна банка, министерството за финансии, Заводот за ревизија, Агенцијата за развој на земјоделието итн.