Функционер на АА за ТВ 24: Ковачевски побара од Таравари предлог за министерството на Гаши
Во Владата се уште нема официјално конечна одлука дали предлогот за реконструирана Влада Ковачевски ќе го поднесе вечерва во Собранието или ќе ја чека Алтернатива до недела.
Сепак она што го брифира висок партиски функционер на Алијанса за Албанците е дека Ковачевски од Таравари побарал предлози за министри меѓу кои и за информатичко општество , кое требаше да остане во рацете на Гаши, што би значело дека Ковачевски е на чекор да се збогува со Алтернатива или пак ова може да се толкува и како форма на притисок од Ковачевски до Гаши. Истиот функционер брифира дека Азир Алиу професор од Штул е кандидатот,кој Арбен Таравари по барање на Ковачевски го предложил за министер за администрација и информатичко општество.
Освен Алиу како што објави ТВ 24 во дрим тимот на Алијанса се и Кренар Лога за правда и Фатмир Меџити за здравство. Заменик за одбрана ќе биде Тирон Јајахага , а за земјоделство Вјолца Бериша.
Сите овие имиња Таравари му ги предложил на Ковачевски на средбата доцна попладнево во Владата, но и откако Алтернатива најави дека конечната одлука ќе ја носи во недела.