Фуере за ТВ 24: Место вето, Грција да ги исполни обврските од Преспанскиот договор

Ќе биде многу тажно ако Грција искористи билатерално прашање за да ја блокира иднината на Македонија, вели поранешниот амбасадор во земјава Ерван Фуере во изјава за ТВ 24.

Според него, Македонија исполнила голем дел од обврските меѓу кои и промената нна документите, додека Грција ги одоложува континуирано своите обврски од договорот.

Целото интервју со поранешниот амбасадор Фуере ќе може да го погледнете во сабота во новото издание на Европат со Лепа Џундева.