Фудбалерите победнички расположени во пресрет на дуелот со Малта
Желбите и амбициите на најдобрите македонски фудбалери се новиот циклус евро-квалификации да го отворат со победа над малта која утревечер, 20:45 часот ја пречекуваме на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Малта е аутсајдер на хартија, но македонија мора тоа да го потврди на терен.
Селекторот Благоја Милевски нагласи дека лошото издание во лигата на нации и неуспешните контроли се лекција за сите, па од таму верува дека ќе видиме сосем поинаков лик на репрезентацијата на утрешниот меч и дека многу работи ќе зависат единствено од нашата игра.