Фудбалер на Севиља заразен со коронавирус
Foto

Фудбалер на Севиља заразен со коронавирус

Фудбалскиот клуб Севиља објави дека еден фудбалер е заразен со коронавирус.

Клубот од Андалузија не го откри името на фудбалерот, но изјави дека нема симптоми и дека се чувствува добро во изолација во својата куќа.

Резултатот од тестот беше откриен во понеделникот, кога беа известени надлежните, по што тренинзите на тимот беа суспендирани.

Просториите на клубот беа дезинфицирани во согласност со протоколот за заштита од коронавирус.

Севиља ќе игра против Рома во осминафиналето од Лигата на Европа на 6 август.

0 Коментари

Остави коментари