Фросина Ременски се кандидира за претседател на СДСМ

Екс-министерката за труд и социјална политика, професорката Фросина Ременски објави дека се кандидатура за претседател на владејачката СДСМ.

„Ги предадов сите документи за самокандидирање за претседател на СДСМ. Очекувам во следниот период, согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите, активистите и симпатизерите на СДСМ“ - изјави Ременски пред седиштето на партијата.

Таа вели дека одлуката ја донела врз основа на нејзиниот целокупен општествено-политички и партиски активизам.

Сите заинтересирани за поднесување кандидатура во СДСМ тоа можат да го сторат до 3. овој месец.