Фросина Ременски осомничена за малверзации во „Меѓународниот сојуз“

Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистенткта на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и самиот Бојан Јовановски се петмината осомничени за перење пари во невладината „Меѓународен сојуз“ – дознава тв 24 од извори во истрагата. За еден од нив се бара притвор, а за останатите мерки за претпазливост. Лицата се осомничени за перење пари, помагање и измама. Проширувањето на истрагата за невладината на Боки 13, доаѓа ден пред покренување на обвинение за случајот „Рекет“ во кој осомничена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.