Фрицханд за ТВ 24: Родителите последни дознаваат дека нивните деца се жртви на меѓуврсничко насилство
Универзитетскиот професор Ана Фрицханд во емисијата 24 Отворено рече дека за да се решава нешто мора да се дететктира изворот на проблемот. Најголемиот апсурд е што растат бројките, а има многу програми во светот кои се креирани да се работи на оваа тема.
- Се зборува многу за тоа јавно. Случајите за кои дознаваме во јавноста се мал дел од она што вистински се случува, а не ги знаеме. Ако истражувањата ни покажуваат дека тошлата училишна клима каде се негува доверба меѓу учениците и наставниците, каде децата ги доживуваат наставниците на кои може да се доверат, кои ги разбираат, треа да ја креираме во сите училишта. Најчесто родителите последни дознаваат дека нивните деца се жртви на меѓуврсничко насилство. Врсниците се први кои знаат. - рече Фрицханд.