Фрчкоски: Оваа владина политика треба да продолжи

„Ако не успее гласањето за недоверба на владата, мислам дека Заев пак ќе ја активира оставката, нема да ја заборави, туку ќе ја поднесе и ќе имаме нов премиер со едно владино мнозинство. Јас навивам за тоа. Никогаш не сум бил склон кон поделби, доколку опозицијата направи Влада, таа ќе се вклопи, нема да има различна позиција. Проблемот е што немаат владина програма. Од страна како гледам - за мене е важна владината политика, оваа Влада направи нешто што е вредно. Оваа Влада во надворешната политика ја заврши најголемата работа. На внатрешен план чекори. Има најдобар извештак од ЕК што сме го добиле било кога. Владиното мнозинство може да добие поддршка, оваа владина политика треба да продолжи“ - вели професор Љубомир Фрчкоски во Студио 10 на ТВ24.