Фрчкоска за тв 24: Непотребно се направи драма, Јанева си ги бараше своите права
Непотребна драма и сензација со која е погазено достоинството на Катица Јанева – се огласи нејзината одбрана откако вчера на состанокот во ДЗР на кој биле презентирани наодите од работењето на СЈО - Јанева останала по долна облека.
Ова доаѓа како резултат на како што велат од нејзината одбраната поради тоа што поранешната специјална обвинителка си ги барала своите права кои и биле ускратени.
Адвокатката Ирена Фрчкоска во краток разговор за тв 24 вели Јанева била однесена со полициска придружба без претходно да добие било каква покана или најава.
„Начинот беше несоодветен и спротивен на закон, Катица Јанева не беше известена ниту ние како бранители. Јавното Обвинителство најмалку што можеше е да не извести претходниот ден. Се знае како се постапува со притворено лице, во конкретниот случај не беа испочитувани минималните права, тоа не беше ниту вештачење ниту налог на обвинителството туку по покана на Државниот Завод за Ревизија. На тој состанок нема законска обврска да присуствува но беше донесена со полиција. Доколку бевме уредно известени ќе се подготвевме и ќе присуствувавме.“ - објаснуваат од одбраната.
Обвинителството пак со кое раководи Вилма Русковска го чека ревизорскиот извештај, за да утврди дали Јанева незаконски делела високи додатоци на плата кои надминуваат стотина илјади евра.
Јанева поради вчерашното однесување заработила и прекршочна а според пријавата во Министерството за внатрешни работи, таа останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица и одбивала да даде каква било изјава.
По инцидентот била повикана и медицинска помош и Јанева примила инекција за смирување и била вратена во станот во кој ја издржува мерката притвор. Инцидентот се случи вчера односно само два дена откако Јанева даваше завршни зборови за „Рекет“.
На 18 ти јуни пак треба да биде донесена пресуда за случајот „Рекет“ - по што предметот ќе оди на Апелација.