Французинките со пораз ја почнаа одбраната на титулата, на стартот загубија од Јужна Кореја
Foto

Французинките со пораз ја почнаа одбраната на титулата, на стартот загубија од Јужна Кореја

Две големи изненадувања се случија досега на првиот ден од Светското првенство во ракомет за жени, што се одржува во јапонскиот град Кумамото.

Франција, која е актуелен шампион, загуби од Јужна Кореја со 27:29. На полувреме, Французинките имаа минимална предност, но во вторите 30 минути беа надиграни, и претрпеа неочекуван пораз. За Франција играат и три некогашни ракометарки на Вардар, тоа се Лејно, Лакрабер и Пино.

Изненадување претставува и убедливата победа на Словенија против Холандија, која важеше за кандидат за медал. Словенките славеа со 32:26. Холандија на претходното СП и лани на ЕП беше трета и освојуваше бронзи.

0 Коментари

Остави коментари