Францускиот парламент го поддржа владиниот план за нуклеарна обнова
Еден ден откако француската влада го преживеа гласањето за недоверба поради најавената реформа на пензискиот систем, францускиот парламент со големо мнозинство го поддржа планот на владата за инвестирање во нуклеарната енергија.
Планот чија клучна точка е изградбата на шест нови нуклеарни реактори, беше одобрен во францускиот парламент со 402 гласа за и 130 против.