Француски туристи облекоа „жолти елеци“и протестираа против албанските возачи
Foto

Француски туристи облекоа „жолти елеци“и протестираа против албанските возачи

Хаосот низ патиштата и непочитувањето на сообраќајните правила ги донесоа „жолтите елеци“ и во Албанија.

-Станува збор за група француски туристи кои се иритирале од начинот на кој албанските возачи се обидуваат да ги завршат своите работи на брзина, јави тиранската телвизија Топ чанел.

Според истиот извор на граничниот премин Хан Хоти-Муриќан на албанско-црогорската граница, француските туристи ги облекле жолтите елеци, симболот на протестите во Франција и блокирале дел од патот. Тие се обиделе да ги блокираат возачите кои не чекале ред, туку поминувале на другата лента за да излезат први.

Иако „победија“ албанските возачи, сепак беше пренесена пораката на француските туристи,заклучува Топ чанел.

0 Коментари

Остави коментари