Француски предлог: Тет-а-тет средба Ковачевски - Мицковски

Мадификуваниот француски предлог денеска беше причина за средбата на премиерот ковачевски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Лидерот на вмро-дпмне по средбата кажа дека побарал да се избришат четири работи од предлогот меѓу кои и членатот 11 да биде избришан како и членот 14 кој се повикува на протоколот. 

Мицкоски истакна ако Ковачевски каже не на предлогот, тој е спремен да се откаже од предвремени парламентарни избори. 

Премиерот Димитар Ковачевски за предлозите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ги отфрла, но посочи дека не е загрозен идентитетот и јазикот. кажа дека со лидерот на вмро-дпмне Мицкоски имале  средба на којашто апелирал дека ова е голема одлука за која треба државничко однесување и потребна е ладна глава.

Запрашан дали е прифатливо барање гарнции од европската унија, кои во своето обраќање по советот за безбедност денеска ги потенцираше претседателот на државата Стево Пендарвски, премиерот одговори дека идејата за гарнции ја прифаќа. 

Инаку Средбата е дел од низата планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство. Премиерот веќе одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.