Француската театарска трупа „Кидам“  вечерва во Скопје настапува со спектаклот „Сонот на Ербер“

По повод одбележувањето на 50-годишнината од своето постоење, Францускиот институт во Скопје, во соработка со манифестацијата „Бела ноќ“, го организира гостувањето на познатата француската театарска трупа „Кидам“ која настапува со спектаклот „Сонот на Ербер“. 

Настапот на француската театарска група ќе започне со дефиле, со поаѓање од Музејот на град Скопје, во 20.00 часот, а потоа продолжува низ улица „Македонија“, преку Камениот мост, до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата во 20.30 часот. 

Деталите ги дознаваме од нашата колешка Марија Латиновска, која се наоѓа во Музејот на град Скопје и која разговара со Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје