Француската полиција уапси 217 демонстранти на протестите против пензиската реформа
Протести ширум Франција. Илјадници луѓе излегоа на улиците на сите големи градови откако емануел макрон одлучи да го го заобиколи парламентот и да го усвои законот со кој се подиугнува старосната граница за пензионирање.
По неколку месеци најави, но и одбивање на опозицијата да го изгласа законот со кој граница за пензионирање од 62 се поместува на 64 години, Француската премиерка Елизабет Борн искористи специјална уставна процедура која овозможува да се одобри реформата на Емануел Макрон без воопшто да има гласање во законодавниот дом.
За голем дел од французите ова е уште еден потег на францускиот претседател кој ја води земјата во погрешен правец. Веднаш откако беше најавена седницата, главните плоштади почнаа да се полнат со луѓе кои со месеци протестираат против реформатата.
Во нередите кои избија на улиците на Париз уапсени се преку 200 лица. Со молотови коктели и разни тврди предмети, демонстрантите ги нападнаа владините објекти и полицијата која пак возврати со водени топови и солзавец.
„Се срамам од владата. Таа не го слуша гласот на народот. “
„Никој не ги слуша нашите барања. Дури и пострашно од тоа, тие не презираат. Претседателот одбива да разговара со синдикатите. “
„Помеѓу 70 и 80 проценти од популацијата е приотив овој закон. Што да направиме кога никој не не слуша. Не сакаме да бидеме радикални, но доаѓа момент кога тоа е единствената опција.“
За француската премиерката Елизабет Борн реформата е оправдана бидејќи од тоа зависи и иднината на земјата. Најави дека ќе ја преземе целата одговорност а доколку опозицијата смета дека потегот на владата е погрешен, ја повика да поднесе барање за гласање на недоверба.
„Не можеме да се коцкаме со иднината на нашите пензии. Оваа реформа е неопходна.“ - изјави Борн.
Од опозицијата побараа премиерката да се повлече а активирањето на членот 49 го нарекоа знак на слабост. И француските синдикати порачаа дека реформата е неправедна и непотребна и најавија дека протестите ќе продолжат ии во иднина се додека таа не биде повлечена.