Франција: Возач на автобус претепен до смрт зашто не дозволил влез без маска
Foto

Франција: Возач на автобус претепен до смрт зашто не дозволил влез без маска

Возач на автобус во Франција доживеа мозочна смрт откако бил нападнат затоа што не дозволувал луѓе без заштитни маски да влезат во возилото.

Според Би Би Си, четири лица, од кои никој не носеле маска ниту имал билет, го претепале 59-годишниот возач во градот Бајон.

Според полицаец од тој град, еден од напаѓачите е уапсен.

Откако многу возачи на автобуси одбија да работат во знак на протест поради нападот, регионалниот сообраќај беше во прекин.

Маските се задолжителни во јавниот превоз во Франција.

0 Коментари

Остави коментари