Фотелјите од природна телешка кожа граѓните веќе ги плаќаат преку сметките за струја

Нови 52.000 евра државната МЕПСО ќе потроши за набавка на дополнителен мебел, а планирана е уште една набавка од 58.000 евра. Со тоа вкупната сума што МЕПСО ќе ја потроши за мебел ќе изнесува над 320.000 евра. Покрај фотелјите од телешка кожа, сега се набавуваатсталажи и ормани од метал, а во тек е набавка и на столици. Од компанијата велат дека планирале да потрошат 413.000 евра со ДДВ, но сепак ги скратиле трошоците. До ТВ 24 испратија допис во кој ги потврдуваат сумите, но ги пресметале без ДДВ, затоа што ќе правеле поврат.

Износите се дадени без ДДВ заради тоа што данокот е предмет на поврат и не е трошок на МЕПСО. Вкупната проценета вредност на целиот мебел е планирана на 350.000 евра без ДДВ, а максималната цена што ќе плати МЕПСО ќе биде помала од 275.000 евра без ДДВ вклучително и тендерот за набавка на столици кој е во тек.“- велат од МЕПСО.

Од компанијата набавката ја правдаат оти мебелот бил стар 20 години. Парите кои ги троши МЕПСО за мебел се од Годишната инвестициона програма за 2018 година, ставка која ја признава Регулаторната комисија за енергетика при формирање на цената на струјата.

Од МЕПСО велат дека набавката на мебелот не влијаела на цената на струјата бидејќи била 1 процент од планираните инвестиции од 36 милиони евра. Но, од Регулаторна велат дека и мебелот и фотелјите од природна телешка кожа веќе ги плаќаат граѓаните преку сметките за струја. Тие влегле при формулирањето на цената на електричната енергија, но не им биле целосно признати.

„Инвестициите имаат мало влијание врз цената, некаде вкупните инвестиици што сме ги одобриле за цената за пренос на МЕПСО имаат влијание од 4-5 проценти врз крајната цена за пренос на електрична енергија, а во цената за снабдување 0,3 проценти. Од сега ветувам дека цената за пренос на електрична енергија на МЕПСО во јуни ќе се намали, а тоа ќе влијае на крајната цена“ – вели Бислимоски.

Покрај ваквите набавки, кои сегашната власт како опозиција остро ги критикуваше, сепак, сега по доаѓањето на власт се најде на удар на јавноста токму поради трошење на огромни суми за набавка на луксузен мебел, каде влегуваа фотелјите од телешка кожа. Но, компанијата исто така е и на мета во јавноста поради вработувањето на роднини на актуелени функционери.